Јувентус губи чекор за место во ЛШ

Јувентус го забележа вториот пораз во низа во италијанската фудбалска Серија А откако Сасуоло во 30. коло ја искристи предноста на домашниот терен и го победи со 1:0 . Јувентус беше подобар противник во првото полувреме, но не ги искористи своите шанси, по што контролата врз натпреварот ја презема Сасуоло и го постигна единствениот гол на мечот преку Дефрел во 64. минута.

„Старата дама“ во моментов има 44 бодови на седмата позиција во Серија А, односно девет помалку од четвртопласираниот Милан.

Треба да знаете
Последни објави