На социјалните мрежи се покрена расправа за мистериозниот руски тенк Т-90А, кој два дена беше паркиран во градот Роанок, во американската држава Луизијана. Тенкот, за кој се верува дека е заробен во Украина, се појави пред патничкиот центар „Пето“, кој е ресторан, бензинска пумпа и казино, во вторникот минатата недела, а таму остана до четвртокот навечер.
Експерт за разузнавање со отворен код (OSINT) тврди дека тенкот бил пронајден од украинските сили во близина на Херсон во септември 2022 година, откако бил напуштен од руски војници, пишува Newsweek.
Коди Селерс, управител на туристичкиот објект, изјави за Newsweek дека тенкот пристигнал со камион во вторникот вечерта и останал на паркингот два дена, по што бил однесен во четвртокот околу 20 часот. Тој додаде дека луѓето кои го презеле тенкот не биле војници. Ги опиша како „изведувачи“ и изјави дека возилата што ги користеле не биле скапи.
Помошник-менаџерот Валери Мот напиша во The War Zone дека група луѓе се појавиле со тенкот во вторникот и побарале да го остават на паркингот бидејќи „менувачот на камионот се скршил“.