Отворена истрага против британскиот премиер поради евентуален судир на интереси

Комесарот за стандарди на британскиот парламент, Даниел Гринберг, денеска отвори истрага против британскиот премиер Риши Сунак.

Истрагата е отворена поради наводи дека тој не укажал на потенцијален конфликт на интереси, што според законот бил обврзан.

„Членовите мора секогаш да бидат отворени и искрени во изјавувањето на каков било релевантен интерес во која било постапка на Домот или неговите комисии, како и во каква било комуникација со министри, членови, јавни службеници или носители на јавни функции“, се вели во шестиот став од кодексот на однесување на пратеници, пренесува „Гардијан“.

Комесарот е одговорен за следење на работата на Кодексот на однесување и регистрите на Долниот дом, вклучително и истражување на какви било наводни прекршувања.

Треба да знаете
Последни објави