Судот ги ослободи од вина Ербас и Ер Франс за авионската несреќа во Бразил во која загинаа 228 лица

Европскиот производител на авиони Ербас и француската авиокомпанија Ер Франс, на кои им се судеше за „убиство од небрежност“ за падот на летот АФ447 од Рио де Жанеиро до Париз, во кој загинаа 228 лица, денеска беа ослободени пред судот во Париз.

Речиси 14 години по несреќата, судот за прекршоци во Париз ги ослободи двете компании, оценувајќи дека се направени грешки, но нема сигурен доказ за причинско-последична врска со несреќата.

Малку по 13:30 часот по средноевропско време, големата судница беше исполнета со членови на семејствата на жртвите, претставници на Ер Франс и Ербас и новинари. По ослободителната пресуда, дел од граѓанските странки во спорот потполно шокирани станаа од столчињата, а потоа повторно седнаа додека претседателот на судот продолжи да чита и во салата настана непријатна тишина.

На 1 јуни 2009 година, ноќниот лет AF447 од Рио де Жанеиро за Париз се урна во Атлантикот неколку часа по полетувањето, при што загинаа сите 216 патници и 12 членови на екипажот.

Во авионот А330 имаше државјани на 33 земји, меѓу кои 72 Французи и 58 Бразилци. Тоа е најтешката несреќа во историјата на француската компанија.

Треба да знаете
Последни објави