Жена му го пресекла вратот на ракометар на бензинска пумпа во БиХ, но го преживеал нападот

Медиумите од екс-ју просторите ја пренесоа веста за инцидентот во гратчето Зворник, во БиХ, во Република Српска, на самата граница со Србија. Ракометарот на РК Дрина, Никола Томиќ бил нападнат од женско лице, кое, според наодите на полицијата се обидело да го убие.

Веста прва ја пренесе Дрина, со соопштение, откривајќи ја сериозноста на повредите на Томиќ.

„По повод немилиот настан, кој го потресе нашиот клуб, решивме да се обратиме на јавноста. За жал, овој пат не се обраќаме по повод спортски успеси. На ден 16.04.2023 година, околу три часот по полноќ, полициските службеници од станицата во Зворник ја лишија од слобода И.Л., поради обид за убиство. Со ладно оружје нападнат е нашиот ракометар Никола Томиќ, кој притоа заработил повреди во пределот на вратот во облик на сериозни расеченици. На наша среќа, ако тоа така може да се нарече, по ладнокрвниот напад, Никола е бргу згрижен во болницата во Зворник“, велат од клубот.

Од полицијата ја привеле девојката која го нападнала Томиќ и ѝ изрекле мерка притвор во траење од еден месец. Ракометарот потоа објавил фотографија од болница, покажувајќи дека е во ред, но се гледа сериозноста на неговата повреда.

Треба да знаете
Последни објави