Нагелсман е во потесниот круг за тренер на Реал, каде Анчелоти ќе се спаси само ако ја освои ЛШ

Реал Мадрид може да му понуди соработка за следната фудбалска сезона на младиот стручњак Јулијан Нагелсман, кој е без ангажман откако неодман се раздели со германскиот првак Баерн Минхен. Според „Sky Sport“, мадридскиот клуб е заинтересиран за услугите на поранешниот тренер на Баерн. Германецот е во потесниот круг на стручњаци чие назначување Реал може да го разгледа во скоро време.

Забележано е дека Карло Анчелоти ќе си го задржи тренерското место во Реал Мадрид само доколку тимот ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.

За ангажман на Нагелсман се заинтересирани и премиерлигашите Челзи и Тотенхем.

Треба да знаете
Последни објави