ЕП ја усвои одлуката за визната либерализација за Косово

Европскиот парламент денес ја усвои одлуката за визна либерализација за Косово, со која завршија сите релевантни процедури за донесување одлуки. Новите правила на сопствениците на пасошите кои ги издаваат приштинските власти ќе им овозможат да влегуваат во ЕУ без виза на период од 90 дена во кој било период од 180 дена, а би требало да почне да се применува од 1 јануари 2024 година.

По усвојувањето во Европскиот парламент, визната либерализација за Косово треба да биде потпишана и објавена во службениот весник на Европската Унија.

Укинувањето на визите за граѓаните на Косово кои патуваат во ЕУ го предложи Европската комисија во декември, врз основа на проценката дека Приштина постигнала значителен напредок во сите области на патот за либерализација на визниот режим.

Утре ќе биде одржана церемонијата на потпишување на правниот акт на која ќе учествуваат претставници на Европскиот парламент и Советот на министри на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави