Ковачевски: Нова гринфилд инвестиција на „Јагео” од над 200 милиони евра и нови 3900 вработувања во зоните во Скопје и Штип

Премиерот Димитар Ковачевски, во видео обраќање упати честитки до менаџментот на компанијата „Јагео” и директорот на Технолошко- индустриските развојни зони Јован Деспотовски по повод новата инвестиција на „Јагео” во зоните во Скопје и Штип во доменот на електрониката.

Станува збор за најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на нашата земја, во вредност од 205 милиони евра и над 3900 нови работни места.

Во продолжение изјавата на премиерот Ковачевски во целина: 

„Упатувам честитки за новата инвестиција на „Јагео” во Технолошко индустриската развојна зона во Скопје и во Штип. Станува збор за најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на нашата земја од 205 милиони евра и нови над 3900 работни места.

Благодарност до тимот на „Јагео” и тимот ТИРЗ за неуморната работа изминативе месеци оваа инвестиција да стане реалност.

Станува збор за водечка мултинационална компанија за производство на електронски компоненти, која има силно глобално присуство и свои производствени и продажни капацитети во Азија, Европа и Америка со 40.000 вработени ширум светот.

Електронските компоненти кои ги произведуваат и кои што се еден од светските најдобри производители за чип-отпорници и тантал кондензатори се користат за авионската и автомобилска индустрија, 5G и телекомуникации, индустрија, медицина, управување со енергија, зелена енергија и слично.

Со новиот концепт на поттикнување инвестиции успеавме да ја ставиме нашата земја доста високо на мапата инвестициски дестинации кои имаат капацитет и услови да реализираат висококвалитетни инвестиции од кои ќе имаме бенефит и како држава, но уште поважно инвестиции кои носат директен бенефит за граѓаните во државата.

Бројките најдобро зборуваат за тоа колку е ефикасен новиот концепт на инвестиции и поддршка на инвестициите во ТИРЗ. Последниве две години се постигнати договори од над 650 милиони евра, што е над половина од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години. Со оваа инвестиција надминуваме износ над 850 милиони евра.

Имаме над 16.500 вработени во Зоните што е за над 10.000 работници, само од 2017 година досега. Во првиот квартал имаме речиси една милијарда евра извоз што е највисоко ниво во последниве 5 години. 

Само минатата година компаниите во зоните достигнаа највисоко ниво на извоз од 3.7 милијарди евра на годишно ниво.

Сакам да Ви посакувам многу успех и Ве очекувам во Северна Македонија заедно да го означиме почетокот на градбата и да наздравиме за ова наше пријателство и идна соработка.

Ви благодарам.”

Треба да знаете
Последни објави