Познати имињата на десетмина експерти во работната група за уставни измени

Министерството за правда информира дека во работната група за уставни измени ќе учествуваат следните експерти:

 Сали Мурати-поранешен Претседател на Уставен суд

Маргарита Цаца Николовска- поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

 Бајрам Положани-поранешен уставен судија и професор по уставно право

 Бранко Наумовски-поранешен претседател на Уставен суд

 Јетон Шасивари-  професор на Универзитетот на ЈИЕ

 Ана Чупеска-професор на на Правен факултет ,,Јустинијан Први”

Елена Михајлова Стратилати-професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први

 Беса Арифи-Професор на Универзитетот на ЈИЕ

Јагода Митревска-Професор на Меѓународен Славјански Универзитет

Марија Пандевска-професор на Институт за национална историја

Списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други  членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.

Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени.Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови.

Треба да знаете
Последни објави