Во општина Илинден интензивно се работи на изградбата на новиот кружен тек на влезот во Општината, каде во текот на вчерашниот ден се изврши комплетно асфалтирање во два слоја. Овој кеужен тек е на важна крстосница кој ги опфаќа главните улици ,,2”, ,,8” ,,9” и новопроектирана улица ,,10” на влезот во Илинден.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на терен и истакна дека градежните работи се одвиваат со брза динамика и наскоро граѓаните на Илинден ќе добијат комплетно уреден кружен тек кој ќе придонесе поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот во овој фрекфентен дел од општината.
Во рамки на проектот се планира партерно и хортикултурно уредување како и јавно осветлување на просторот каде ќе се наоѓа новиот кружен тек.
Дополнително улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани согласно сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај.