Со измените во законот, државјанство веднаш ќе добива секое родено дете-странец во Албанија, а се укинуваат и други критериуми 

Албанската Влада подготви одредени измени во законот за државјанство со кои се овозможува странците да се стекнат со албанско државјанство. 

Со една од измените албанско државјанство можат веднаш да добијат деца на странци родени во ова земја доколку за тоа согласност дадат двајцата родители или законски старател, односно ќе го добиват без да чекаат да наполнат 18 години, како што беше досега. 

За разлика од претходно, со новите измени предложени од Министерството за внатрешни работи, странците можат да добијат албанско државјанство и доколку немаат познавање на албанскиот јазик, говорен и пишан, заверено од соодветната образовна институција, како и основни познавања од историјата на Републиката. на Албанија. 

 -Со измените се укинува и возрастниот критериум од 18 години. Тоа ќе стане возможно кога лицето кое бара државјанство а не претставува закана за јавниот ред и националната безбедност на Албанија. Но и во случаи кога Република Албанија има национален интерес или интерес во областа на образованието, науката, уметноста, културата, економијата и спортот, јавија албанските медиуми. 

Еден од главните баратели за законските измени е Албанската фудбалска федерација(АФЛ), бидејќи според прописите на ФИФА и УЕФА, за активирање на спортистите под името и логото на албанската репрезентација потребно е овие спортисти да имаат албанско државјанство и пасош.  

-Поради оваа причина, во случаи кога АФЛ идентификува извонредни таленти на странски спортисти или со албанско потекло (Косово, Северна Македонија, Прешевската долина), од земјите од регионот и пошироко, постои потреба да се започнат процедури за добивање албанско државјанство за овие странски спортисти. Федерација е на мислење дека критериумот „да имаш наполнето 18 години“ носи големо ограничување во насока на барање и откривање на нови таленти, за нивниот придонес кон албанските национална тимови, додаваат медумите.  

Предлог-законот откако ќе го разгледаат пратениците во собраниските комисии, ќе биде ставен на дневен ред на пленарна седница на законодавниот дом.

Треба да знаете
Последни објави