Рома е последниот полуфиналист во Лига Европа

Италијанскиот фудбалски калчолигаш Рома е последниот полуфиналист во Лига Европа откако во продолжение го елиминира холандскиот Феенорд со убедливи 4:1. Средбата во регуларниот дел заврши 2:1 и се играа дополнителни 30 минути за конечен победник, бидејќи првите 90 минути ги доби Феенорд со 1:0.

Рома во полуфиналето ќе се соочи со бундеслигашот Баер Леверкузен. Другата полуфинална двојка е Севиља – Јувентус.

“Римската волчица“ поведе преку Спинацола во 60-тата минута, но Феенорд израмни преку Игор Паиксо во 80-тата минута. На само една минута пред крајот на регуларните 90 избраниците на Жозе Мурињо се спасија од елиминација со голот на Дибала кој ги одведе во продолженија каде Рома само го потврди пласманот во полуфиналето со погодоците на Ел Шарави и Пелегрини за конечни 4:1.

Треба да знаете
Последни објави