Феникс поведе против Клиперс, Вориорси го намалија водството на Сакраменто, Филаделфија на чекор до четвртфиналето

Девин Букер со 45 поени беше најзаслужниот за водството на Феникс Санс од 2:1 во серијата против Лос Анџелес Клиперс по победата од 124:129 во првиот од двата натпревари на гостински терен.

Најдобар кај поразените Норман Пауел додаде 42 поени, додека Расел Вестбрук постигна 30, со осум скока и 10 асистенции. Кави Ленард го пропушти натпреварот поради повреда на коленото.

Голден Стејт Вориорс ја намалија разликата во однос на Сакраменто Кингс, кои водат во серијата со 2:1. Стивен Кари постигна 36 поени во победата од 114:97 која тој и неговите соиграчи ја забележаа пред своите навивачи во Сан Франциско.

Филаделфија 76ерс дојдоа на чекор до пласман во четвртфиналето откако на гостински терен го совладаа Бруклин Нетс со 97:102. Кај домаќините најмногу постигна Микал Бриџис (26), а кај гостите Тајрис Макси (25) и Џејмс Харден (21).

Треба да знаете
Последни објави