Пропаѓа случајот против Германецот осомничен за исчезнувањето на малата Медлин

Германецот Кристијан Брукнер (45), осомничен за исчезнувањето на британското девојче Медлин МекКен, можеби воопшто нема да се соочи со судење откако германскиот суд пресуди дека обвинителството во Бранзвик нема јурисдикција во случајот против него.

Осудениот силувач стана главен осомничен за исчезнувањето на девојчето од португалското летувалиште, откако германските инспектори соопштија дека имаат конкретни докази дека таа е мртва.

Минатата година тој беше обвинет за серија сексуални престапи помеѓу 2000 и 2017 година, кои наводно се случиле во Алгарве каде што Медлин исчезна во 2007 година.

Во меѓувреме, оттогаш случајот не мрднал од мртва точка.

Адвокатот на Брукнер, Фридрих Фулшер, можеше да докаже дека обвинителството во Бранзвик нема јурисдикција над случајот.

Брукнер се изјасни дека е невин за исчезнувањето на Медлин во серија писма до Дејли Мејл, инсистирајќи дека обвинителите го прогонуваат и немаат докази да го обвинат.

-Во одлуката од 19 април 2023 година, Регионалниот суд во Брауншвајг се прогласи за ненадлежен во однос на обвиненијата против Кристијан Б. и го укина налогот за негово апсење, според адвокатот Фулшер во изјава за Дејли Меил.

Одлуката на судот, тврди Дејли Мејл, значи дека потерниците против Брукнер се отфрлени во случајот Меди, но тој нема да биде ослободен од затвор бидејќи отслужува седумгодишна затворска казна за силување и треба да биде ослободен дури во 2026 година откако ќе биде одбиено барањето за условно ослободување.

Обвинителот во Бранзвик, Ханс Кристијан Волтерс, за Дејли Меил изјави дека не е сè завршено.

-Се уште не сме ја добиле одлуката на судот. Не разбираме зошто Фулшер бил известен пред нас, таквите одлуки треба да се доставуваат истовремено до двете страни. Се обидуваме да откриеме што точно се случило и ако одлуката е против нас, ќе се жалиме или ќе го префрлиме случајот во друг германски град, рече тој.

Германската полиција го бараше телото на девојчето на неколку локации во Германија поврзани со Брукнер, но не најде тело

Треба да знаете
Последни објави