На 20.04.2023 во 18.00 часот било пријавено дека на регионален пат во атар на село Ќојлија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „сеат ибица“””, управуван од Б.Х.(19) од Ќојлија, и автомобил „даеву матиз“ што го управувал Х.Р.(60) од с.Долно Коњари.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.Р. кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” каде починал, а смрт била констатирана од страна на лекар.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Х. и сопатник од возилото “даеву матиз” Љ.Г.(63) од Скопје, констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски”.
Со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од возилото “сеат ибица” А.Д.(22) и И.Д.(24) двајцата од Скопје констатирани во Комлексот клиники “Мајка Тереза”.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.