Зоран Димоски ја изгуби битката со болеста

На социјалните мрежи се споделуваат објави со сочувство за Зоран Димоски од Битола, еден од поистакнатите членови на „Шарена револуција“ кој почина по тешката борба со ракот.

Димоски беше многу активен на социјалните мрежи и постојано се бореше за промени во општествениот живот. Стана популарен во времето на „Шарената револуција“ кога се залагаше за промени во нашата земја. 

Димоски е роден во 1973 година.

Од Димоски се прости и поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, поранешниот премиер, Зоран Заев, како и актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави