Маричиќ: Единството и соживотот нѐ води кон напредок и подобра иднина за сите

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на сите верници од исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам со желба после еден месец пост, одрекување и молитва, празничните денови да ги поминат во добро здравје, среќа и благосостојба.

Во продолжение интегрален текст од честитката на вицепремиерот Маричиќ:
,,Честит Фитр Бајрам на сите сограѓани кои денеска го празнуваат најголемиот празник во исламот, со кој се одбележува крајот на светиот месец Рамазан.

Нека вашите молитви и одрекувања во изминатиот месец на постот бидат поттик за градење пријателство, единство, хармонија и просперитетно општество за сите.

Светите и празнични денови се трајна инспирација за негување на вредностите кои нѐ поврзуваат, кои повикуваат на толеранција и разбирање, со обврска заеднички да ја зајакнуваме визијата за европска и модерна Северна Македонија.

Единството е тоа што ќе нѐ движи напред и води кон напредок и кон подобра иднина за нашите деца.

Уште еднаш ви посакувам рамазанските денови да ви бидат наградени со милост и Бајрам да ви донесе здравје, среќа, спокој и благосостојба.

Bajram Šerif Mubarek Olsun!”, стои во честитката на Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави