Момче се самозапали пред американската амбасада во Копенхаген

Осумнаесетгодишник се самозапалил пред американската амбасада во данскиот главен град Копенхаген, соопшти полицијата.

Данскиот државјанин е пренесен во болница и е свесен, соопшти полицијата на Твитер.

Данската новинска агенција Ritzau објави дека персоналот на амбасадата во областа Остербро ја известил полицијата за инцидентот наутро. Причините за чинот на младиот човек се уште не се јасни.

Треба да знаете
Последни објави