Предизборие во Грција: Мицотакис денес ќе побара распуштање на парламентот

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претпладнево ќе се сретне со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу и ќе побара распуштање на Парламентот. Според изборниот закон во Грција, по овој чин започнуваат соодветните процедури за парламентарните избори што треба да се одржат на 21 мај, а Грција и официјално влегува во предизборен период.

Претседателката Сакеларопулу ќе потпише претседателски декрет за распуштање на Парламентот, а одлуката во текот на денот ќе биде закачена на влезната врата на Парламентот.

Потоа, партиите и официјално ја започнуваат четиринеделната предизборна кампања, која неофицијално веќе е во тек имајќи предвид дека, како што објавуваат грчките медиуми, партиските лидери ги интензивираа посетите низ цела Грција на кои држат говори и одржуваат средби со граѓани.

На крајот на март за време на владината седница, грчкиот премиер Мицотакис соопшти дека изборите во Грција ќе се одржат на 21 мај 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави