Францускиот фудбалер Килијан Мбапе (23) пред неколку месеци потпиша нов договор со ПСЖ со што стана најплатениот фудбалер во светот. Бројките од овој договор се објавени денеска и изгледаат неверојатно.
Мбапе заработува 72 милиони евра бруто на годишно ниво. Кога ќе се одземе данок, таа бројка е многу помала и нето платата изнесува околу 33 милиони евра.
На месечно ниво Мбапе добива 2,7 милиони евра по оданочувањето, но и тоа не е се на што се согласил со новиот договор.
Бонусот што ПСЖ се согласи да му го исплати во следните три години е нереален, станува збор за сума од 180 милиони евра, па Французинот на крајот од секоја сезона ќе добива по 60 милиони евра.
Тој е врзан со договор до 2025 година и реално гледано, приказните дека сака да замине за некој друг се сосема неосновани.
Да потсетиме, Мбапе е вториот најскап фудбалер на сите времиња. ПСЖ му плати на Монако за него 180 милиони евра, а пред него е само неговиот соиграч Нејмар кој е платен 222 милиони евра.