Хет трик на Марез за финале на Сити во ФА купот

Maнчестер Сити е првиот финалист во ФА Купот на Англија откако „граѓаните“ славеа победа од 3:0 против Шефилд со трите гола на Ријад Марез.

На култниот „Вембли“ Манчестер Сити доминираше од почетокот до крајот на натпреврот, а посебно се издвои Марез. Репрезентативецот на Алжир со овој настап потсети на неговите најдобри денови од времето во Лестер.

Првиот гол Марез го постигна во 43-тата минута, а вториот беше мало ремек-дело и потсетуваше на познатиот гол на Бен Арфа кој е еден од најубавите во историјата на Премиер лигата. Хет-трикот го комплетираше во 63-тата минута кога погоди по додавањето од Грилиш.

Треба да знаете
Последни објави