Сообраќајот на патот Гостивар – Тетово попладнево еден час беше во прекин

Сообраќајот на патот Гостивар – Тетово, од село Камењане кон наплатна станица денеска од 15.40 часот беше во прекин, поради случена сообраќајна незгода.

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираа дека сообраќајот на овој патен правец е нормализиран по скоро еденочасовниот прекин.

Две лица се однесени во болница за укажување помош. Според МВР, повредените се сопатници во автомобилот „опел астра“, управуван од 52-годишен гостиварец, а кој се судрил со „мерцедес“ управуван од 38-годишна скопјанка.

Треба да знаете
Последни објави