(Видео) За време на авто-трка во Хрватска избегната трагедија за секунда

Викендов на WRC Rally 2023 во Хрватска се случија немили сцени. Хрватските медиуми пишуваат дека на сред трка група мажи се степале на патеката додека автомобил со полна брзина се приближувал.

Тие се степале по кратка расправија, а како што тепачката се движела кон патеката се тргнало кон трагедија. На снимката која се појави на интернет се слуша како некој вика дека доаѓа автомобил, додека голем број луѓе се приклучија во смирувањето на ситуацијата.

Во последен момент успеаја да ги одвлечкаат навивачите, бидејќи токму тогаш со полна брзина долета автомобил, што можеше да резултира со страшен исход.

Организаторите на релито „Кроација рели 2023“ подоцна објавија дека најостро го осудуваат однесувањето на неодговорните и евентуално пијани навивачи.

Треба да знаете
Последни објави