Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за „Паризиен“ изјави дека требало повеќе да ја брани контроверзната пензиска реформа, бидејќи протестите продолжуваат и покрај нејзиното усвојување.
– Можеби е грешка што не бев доволно присутен за да покажам доследност. Морам повторно да се вклучам во јавната дебата бидејќи има работи што не се јасни, рече Макрон.
Спорна точка на реформата е пензионирањето на 64, наместо на 62 години.
Протестите против реформата почнаа во јануари, а продолжија и покрај одлуката на Уставниот совет дека законот е валиден.