Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо во изминатиот период во општините што ги раководат, но затоа дејствуват спротивно од интересите на граѓаните кои им ја дале довербата.
Таков е и примерот со општина Аеродром и бетонизацијата на населба Лисиче од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски.
Преку јавна анкета граѓаните му порачаа на Муцунски дека се против изградбата на 9 висококатници на влезот на населбата Лисиче.
Оттогаш поминаа десетина денови, а Муцунски се уште не ги избришал спорните маркички за градба и наместо да дејствува по гласот на граѓаните, тој шири лажни вести и конструкции.
Наместо да се занимава со продукција на лажни вести и да тера дневна политика, Муцунски веднаш да го повлече спорниот ДУП, а Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по случајот „Парцели во Лисиче”.