Главниот штаб на украинските вооружени сили вчера во својот извештај соопшти дека конфликт меѓу војниците на руската армија и платеничката група Вагнер прераснал во престрелка.
Украинците наведуваат дека сè се случило во окупираниот град Станица Луганск во регионот на Доњецк.
– Двете страни (различните руски сили) се обидуваат да ја префрлат одговорноста за сопствените тактички погрешни проценки и загуби една на друга“, се вели во извештајот. Тие додаваат дека во конфликтот имало жртви и од двете страни, пишува Киев Индипендент.