Ова е навистина успешна прикана. Младиот Никола Маркоски, директор на развој во “Грин Машинс” кој се врати од Германија како успешен научник во полето на физиката да допринесе за поголем успех и развој на нашата држава.
Да го зголемиме влогот во младите луѓе. Да обезбедуваме уште повеќе менторство и поголема финансиска поддршка за остварување на нивните соништа и идеи. Само така ќе се добие вистински напредок во нашето општество.
И институциите, и компаниите, потребно е да ги согледаат и да ги поддржат способностите, заложбите и капацитетот на нашата младина и на тој начин сите заедно да направиме повеќе за нашата сегашност и нашата иднина.