Украински дрон со американски мотор се урнал во Подмосковје

Руското министерство за одбрана соопшти во понеделникот во раните утрински часови украински дрон со американски модификации на долетот се урнал во област на подмосковската област Ногинско на 50-ина километри од Москва, како и дека во исто време бил спречен нов обид за напад врз руската Црноморска флота во пристаништето Севастопол на Крим.

„Дронот од украинско производство се урна во областа на Богородско, 50-ина километри источно од Москва, а пронајден е во една рекичка во шумата“, објавија службите за вонредни состојби.

Се додава дека леталото тежело околу 100 килограми, немало експлозив и не предизвикало ниту детонација, ниту пожар, како и дека нема настрадани или материјална штета. Друг извор на агенцијата РИА, пак, рекол дека е можно да имало 18 килограми експлозив.

Притоа се додава дека веднаш е утврдено дека дронот имал мотор од американски производство, и оти сега се утврдува од каде е лансирано. Ова е втор сличен инцидент крај Москва од почетокот на војната во Украина ланскиот февруари.

Во раните утрински часови руската противвоздушна одбрана осуетила напад со дрон врз Црноморската флота, односно во нејзиното историско седиште во Севастопол кое отсекогаш имало посебен екстериторијален статус, според Министерството за одбрана.

Станува збор, како што се додава, за уште еден од низата неуспешни украински обиди, иако во минатата имаше експлозии на аеродромите на Крим во кои имаше неколку жртви и оштетени авиони, остатоци на погодени дронови паднаа врз командата на Црноморската флота, а ланската есен беше спречен масовен украински напад со бесполотни подводни уреди лансирани од безбедносната зона во водите на Црното Море, по што Москва накусо се повлече од договорот за извоз на украинското жито.

„Малку пред четири часот утрото, режимот во Киев се обиде да ја нападне базата на Црноморската флота во Севастопол со три брзи пловила без екипаж“, соопшти министерството.

Се додава дека се уништени сите три објекти без жртви и загуби.

Агенцијата Reuters наведува дека поради безбедносната ситуација откажани се одбележувањето на Денот на победата на 9-ти мај во повеќе погранични области од Курск до Белгород, како и на црноморскиот полуостров Крим, но оценува дека големата воена парада на Црвениот плоштад во Москва, како што се чини, сепак ќе се одржи.

Треба да знаете
Последни објави