Христовски до Кичевски: Како го браните Договорот за изградба со коридорите, а го немате видено

Договорот за коридорите 8 и 10д се прави тајно,  не би имало дилеми доколку договорот е јавно објавен. Се бара измена на 8 закони во кои меѓу другото на пример доколку не се смени Законот за работни односи во делот на работното време не се смени во даден рок од 45 дена ќе се плаќаат пенали од 53 милиони евра и за секој месец дополнителни пари од околу 2 милиони евра, рече Бојан Христовски, претседател на Градскиот комитет при ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Според Христовски за коридорите нема никакви активности досега. Тој посочи дека овој Договор нас многу не чини дури и пред неговото потпишување имаше трошоци.
„Ништо не е почнато на терен има само една табла, а  и пред потпишување на договорот имаше трошоци или се исплаќаа 4 експерти од по 300 илјади евра”, посочи Христовски.
Христовски укажувајќи на важноста Договорот да се објави го праша Васко Кичевски кој е прв човек на Градската организација на СДСМ, а кој беше дел од дебатата, дали воопшто го видел Договорот за да го брани истиот. Христовски укажа дека за измените на законите кои произлегуваат од Договорот ќе гласаат пратеници кои не го виделе истиот.

„Клучно е прашањето зошто овој Договор е класифициран, а од истиот произлегуваат многу работи. Потоа сертификати на пример издава Дирекција за безбедност на класифицирани информации, а проверки прави Агенција за национална безбедност од која излегуваат низа на скандали. Дури видовме и пратеници на кои намерно не им се издаваа сертификати, а се дел од собраниска комисија која ги контролира овие служби”, рече Христовски и праша зошто пратениците од ВМРО – ДПМНЕ кои ги имаат сертификатите не го добиле Договорот.
Христовски се осврна и на низа други спорни прашања како делот за експропријација, за тоа кој е координатор на целата работа со коридорите. „Како министерот за политички систем, станува главен за изградба на коридорите, каде е министерот од надлежното министерство и директорите од јавните претпријатија или каде е министерството за транспорт и ЈП Државни патишта”, рече Христовски.

Треба да знаете
Последни објави