Пред неколку дена НАСА објави спектакуларни слики од Земјата од вселената во висока резолуција.
„Луѓето кои биле во орбитата на Земјата имаат можност да ја видат нашата планета од сосема поинаков агол. Тие рекоа дека оваа сина вселенска топка е прилично убава и влева стравопочит кога се гледа од далечина од 400 километри”, напишала вселенската агенција.
Направени помеѓу март 2022 и март 2023 година за време на експедициите 67 и 68 на Меѓународната вселенска станица (ISS), овие слики ни овозможуваат да замислиме дека сме член на екипажот кој искористил момент од слободното време и од вселената го набљудува нашиот свет.