Во Културно информативниот центар на Северна Македонија во Загреб денеска ќе се одржи уметничка вечер со Томислав Османли.
Македонскиот автор ќе биде претставен како писател, драмски автор и теоретичар на стрипот и творец со четиридецениско присуство во македонската култура и уметност.
Кон повеќестраниот опус на Османли ќе се осврне Наталија Поповска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб, а за неговиот прозен и дел од драмскиот опус ќе говори режисерот и писател Матко Сршен, професор на Факултетот за драмски уметности во Загреб.
Медијатор на уметничката вечер ќе биде професорот Ивица Баковиќ, раководител на Катедрата за македонски јазик и литература при Филозофскиот факултет во Загреб.