Јаневски: За личните провизии сакате да го задолжите градот, а пред јавноста кажувате божем за нови автобуси се работи 

Филип Јаневски, советник од Советничката група на коалицијата во Град Скопје на денешната седница на Град Скопје зборуваше за предлогот за домашно долгорочно задолжување на Град Скопје за набавка на еко автобуси каде јасно посочи дека градоначалничката Данела Арсовска сака да го задолжи градот само за да земе лично провизии од целата таа постапка.

-Тие пари се на граѓаните, не се на Данела, ако за вас 10 милиони евра се малку пари, слободно дајте ги од ваш џеб па да не се задолжуваме воопшто и ќе купиме автобуси. Оваа нетранспаретност која што ја покажувате, која сите ја гледаат  е одраз на ситуацијата во советот, не можете вие со таков игнорантски однос и со вакви лични квалификации што мене не можат да ме допрат бидејќи ми е под секое ниво. Но не можете вие со таков игноратски однос кон 45 советници, претставници на 100.000 луѓе овде така да се однесувате, нон шалантно, рече тој.

Јаневски во текот на своето обраќање укажа дека треба јавно да се знаат каде се трошат парите на граѓаните и дека градоначалничката Арсовска глуми дека сака да го обнови возниот ред со што сака да набави нови автобуси.

-Потранспарентни, поотчени само тоа бараме. Не бараме вие мене да ме викате на кафе, на ручек или било каде, барам да седнеме, да разговараме, професионално како градоначалник и советник. Од друга страна ако не сакате да разговараме, нема проблем, дилемите ќе останат, резервата ќе остане и јас нема да поддржам оваа одлука се додека не знам каде точно ќе се трошат овие пари. А вие под превзот на тоа дека се грижите за граѓаните и дека сакате да го обновите возниот ред, да си лапнете некоја провизија… додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави