Почина легендарниот пеач и актер Хари Белафонте- првиот афро-американски изведувач кој освои Еми

Хари Белафонте, пејач, текстописец, глумец, забавувач и политички активист, почина на 96-годишна возраст, изјави неговиот гласноговорник Кен Саншајн. Американецот починал од срцева слабост, во својот дом во Менхетн, Њујорк, САД.

Во 1950-тите Белафоноте глумеше во филмови со расистичка тематика, а во раните 60-ти соработуваше и со Мартин Лутер Кинг Помладиот во движењето за граѓански права. Тој, исто така, се бореше со апартхејдот во Јужна Африка и ја координираше првата посета на Мандела на САД.

Тој беше движечката сила и зад песната „We Are The World“ против гладта ​​во Етиопија во 1980-тите. Песната беше првично изведена од Мајкл Џексон, Стиви Вондер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Реј Чарлс и Дајана Рос и собра милиони долари за донации.

Белафонте еднаш рече дека бил во постојан бунт поттикнат од гнев.
„Мораме да бидеме дел од секој бунт што се обидува да го промени сето ова“, изјави тој за Њујорк Тајмс во 2001 година. „Гневот е неопходно гориво. Бунтот е здрав“.
Во едно интервју во 2011 година, тој рече дека бил активист многу пред да стане уметник.

Белафонте е роден во 1927 година во Харлем, а раното детство го поминал во Јамајка, од каде што е неговото семејство.
Згоден и природен, тој беше познат како „Кралот на Калипсо“ на почетокот на неговата кариера. Тој беше првиот Афроамериканец кој настапуваше во многу познати ноќни клубови.

Тој го обиколи светот како амбасадор на УНИЦЕФ, а во 1987 година ја основа Фондацијата за СИДА. Во 2014 година доби награда од Американската академија за филмски уметности и науки за хуманитарна работа.

За време на посетата на Венецуела во јануари 2006 година, тој рече дека американскиот претседател Џорџ В. Буш е „најголемиот терорист во светот“ и го спореди американското Министерство за домашна безбедност со нацистичкиот Гестапо.

Антологија на неговата музика е објавена на 1 март 2017 година, по повод неговиот 90-ти роденден.

Тој за списанието Ролинг Стоун изјави дека за него музиката е средство за борба против неправдата во светот.
За време на Втората светска војна, тој служел во морнарицата, што му давало обезбедување откако го напуштил средното училиште.

По војната студирал глума кај Марлон Брандо и Сидни Поатје. Настапи на Бродвеј и ја освои наградата Тони.

Неговиот трет албум „Calypso“ стана првиот албум на уметник кој е продаден во повеќе од милион примероци. Тој стана ѕвезда со песната „Banana Boat“ за работниците на пристаништето на Карибите.

Во 1959 година почнал да продуцира филмови. Тој ги продуцираше „Buck and the Preacher“ и „Uptown Saturday Night“. Во 1984 година, тој го продуцираше „Beat Street“, еден од првите филмови за хип-хоп културата.
Белафонте беше првиот афро-американски изведувач кој освои Еми во 1960 година. Тој исто така освои Греми во 1960 и 1965 година и Греми за животно дело во 2000 година.
Се оженил три пати. Со својата прва сопруга Маргерит Бирд имал две деца, меѓу кои и актерката Шари Белафонте. Тој исто така имаше две деца со својата втора сопруга Џулија Робинсон, поранешна танчерка.

Треба да знаете
Последни објави