Охриѓанец уапсен во Гостивар, крадел велоипеди во градот, но и во Кичево, Охрид

На 25.04.2023 околу 10.30 часот на улица „Панче Поповски” во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 54-годишниот С.Ј. од Охрид.

Тој се сомничи дека  на подрачјата на Гостивар, Кичево, Охрид и други места извршил повеќе кражби на велосипеди, кои потоа ги продавал во други места.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави