Тајван прв во Азија ги легализира геј браковите

Тајванскиот парламент денес прв во Азија ги легализираше браковите од ист пол.

Во 2017 година, тајванскиот Уставен суд донесе одлука дека двојките од ист пол имаат право да стапат во брак, и таа одлука конечно беше формализирана со гласање во парламентот.

Според „Би-би-си“, Уставниот суд му дал на парламентот двегодишен рок да почне да ја применува одлуката за браковите од ист пол, а крајниот рок беше 24 мај.

Стотици активисти за правата на хомосексуалците се собраа пред зградата во Тајпеј и го чекаа донесувањето на одлуката во парламентот.

Пратениците разговараа за три различни закони за легализација на истополовите заедници, а беше усвоен најнапредниот, објави „Би-би-си“.

Другите два закони поднесени од страна на конзервативците се однесуваат на „партнерства како истополови семејни односи” или „заедници од ист пол”, а не на бракови.

Треба да знаете
Последни објави