Македонската машка ракометна репрезентација во претпоследното 5. коло од групната фаза во кавалификациите за ЕП-2024 забележа очекувана ппобеда на гостувањето кај аутсајдерот Луксембург (28:23) и е пред промоција во уесник на континенталниот собир кој на почетокото од идната година ќе се одржи во Германија. Верификацијата на новиот настап на големите собири треба да се случи в недела во салата на СЦ „Борис Трајковски“ на дуелот од последното 6. коло прптив Турција, за која постојат само теоретски шанси да и застане на европскиот пат на Македонија.
Македонскиот селектор Кирил Лазаров е задоволен од победата, иако таа не е изразена со убедлив триумф како на првата есенска пресметка во Скопје (38:24).
-Не беше лесно да се победи денеска. Подобри сме од Луксембург и бевме фаворити, но секогаш е тешко да победите кога не играте дома, пред своите навивачи. Очекував тежок меч, но бевме фокусирани и концентрирани 60 минути. Ја искористивме ротацијата и на крај го добивме натпреварот, изјави Лазаров по мечот.
Македонија се подготвува да го прослави пласманот на ЕП пред домашната публика, в недела. Билетите за дуелот со Турција вчера беа пуштени во продажба, по цена од 100 денари, па се очекува полна сала. Македонската експедиција се враќа од Луксембург денеска околу 14 часот.