Лејкерси го демолираа Мемфис за пласман во второто коло, Сакременто со брејк избориседми меч против Вориорси

Лос Анџелес Лејкерс го одигра најдобриот натпревар во серијата против Мемфис Гризлис и славеше пред своите навивачи во Крипто Арената со убедлива победа од 125-85 за пласман во конференциското полуфинале.

Гостите поведоа со 9-5 на почетокот на мечот, на што Лејкерси одговорија со серија од 9-0 и повеќе не го изгубија водството. Експлозивни во нападот, мобилни и цврсти во одбраната, Леброн Џејмс и друштвото заминаа на полувремето со 17 поени предност.

Во третата четвртина домашната екипа му зададе удар на Мемфис од кој Гризлис не можеа да се соземат, бидејќи примија 41 поен. Лејкерси во последните 12 минути влегоа со водство од 100-67, па прашање беше само со колкава разлика ќе го прослават пласманот во конференциското полуфинале.

Д’Анџело Расел го одигра својот најдобар натпревар во плеј-офот, постигнувајќи 31 поен и шутирајќи 70,6% од поле. Џејмс за три четвртини постигна 22 поени со шест асистенции, а на двата краја на теренот одличен беше Ентони Дејвис со 16 поени, 14 скока и пет блокади. Придонес имаше и Остин Ривс кој постигна 11 поени со осум асистенции и шест скока.

Кај индиспонираните Гризлис Санти Алдама беше најдобар стрелец со 16 поени, а кај главните малку подобар од останатите беше Дезмонд Бејн со 15 поени. Џа Морант шутираше само 3 од 16 за 10 поени, а Џерен Џексон Јуниор шутираше 3/12 за 14 поени.

Лејкерси на тој начин ги совладаа вторите носители со 4-2, а во полуфиналето на Западната конференција го чекаат победникот од седмиот натпревар, кој ќе се одигра в недела, кога Сакраменто ќе му гостува на Голден Стејт Вориорс.

Сакраменто ја прекина серијата од три порази во првото коло од плејофот на НБА, победувајќи го актуелниот шампион со 118-99 во нивниот „Чејс центар“.

Сакраменто целосно го надигра Голден Стејт во меч во кој Кралевите се соочија со елиминација од плеј-офот. Вориорс минаа мал дел од играта, на крајот од првата и на почетокот на втората четвртина во водство, но во ниту еден момент нивниот напад не изгледаше течен и смртоносен. Бидејќи одбраната не беше доволно силна, логичната последица беше убедливиот пораз.

Малик Монк беше најдобар стрелец кај кралевите со 28 поени, а Де’Арон Фокс додаде 26 поени и 11 асистенции. Дабл-дабл учинок имаа и Киган Мареј со 15 поени и 12 скока и Треј Лајлс со 12 поени и 10 скока. А Кевин Хуертер постигна 12 поени, а токму неговите две последователни тројки на половина од последната четвртина ги доведе Кралевите до 16 поени предност и ја обезбедија победата.

Во лошата шутерска вечер (37,6% од поле, 10 промашени слободни фрлања) Стивен Кари ги предводеше Вориорс со 29 поени. Клеј Томпсон постигна 22 поени, а Ендрју Вигинс постигна 13. Тоа беа единствените тројца играчи кај актуелните шампиони со двоцифрен учинок.

Седмиот натпревар е закажан за недела, 30 април, во Сакраменто.

Треба да знаете
Последни објави