Полиција упадна во „Алијанц арената“на Баерн, бара докази за перење пари на руски олигарх поврзан со Ули Хенес

Инспекторите на федералната криминална полиција во вторникот упаднаа во „Алијанц арената“ во Минхен и ги пребараа просториите на клубот, се вели во драматичната вест што ја објави вечерва дневниот весник „Билд“ на својот портал.

Претресени се просториите на величествениот стадион, како и канцелариите на Баерн, сето тоа во рамки на истрагата поради сомневање за перење пари на узбечко-рускиот олигарх Алишер Усманов, кој според проценките вреди 14 милијарди долари.

Поранешниот претседател на Баерн, Ули Хенес, имаше многу добри односи со Усманов, честопати му даваше голема количина на ВИП влезници за различни настани, особено за натпреварите на Баерн во Лигата на шампионите.

Резултатите од претресот се уште не се познати, а инспекторите наводно подолго време бараат докази кои би ги потврдиле сомнежите за перење пари.

-Не водиме никаква истрага против Баерн, ниту против клупски челници или членови“, соопшти Јавното обвинителство.

Затоа, Баерн не е осомничен во овој случај, но во улога на сведоци би можеле да се најдат луѓе поврзани со клубот.

Инаку, Хенес беше осуден за даночно затајување во 2014 година и одлежа 18 месеци затвор за тоа.

Треба да знаете
Последни објави