Пожарот во Севастопол локализиран, нападот бил со два дрона

Пожарот во магацинот за нафта е локализиран и треба да се изгасне до 18 часот по локално време, најави рускиот лидер на окупираниот Севастопол. Тој вели дека нападот го извршиле два дрона.

-Избувнал пожар при што биле оштетени четири цистерни со гориво. Според прелиминарните податоци, врз основа на тоа што пожарот избувнал во два различни дела од магаинот, произлегува дека се работи за два дрона. Оштетените цистерни практично веќе изгореа, а пожарот е локализиран на други места, а до вечерва целосно ќе биде изгаснат.Површината зафатена од пожарот е околу 1.000 метри квадратни. Нема повредени, а нема ниту опасност по цивилни објекти, изјави Михаил Развожаев.

Треба да знаете
Последни објави