САД ја повикаа Кина да прекине со „опасните и провокативни активности“ во Јужното Кинеско Море

Властите на Соединетите Американски Држави го повикаа Пекинг да прекине со „провокативната и опасна“ акција во водите на Јужното Кинеско Море, откако неодамна беше избегнат судир меѓу брод на кинеската крајбрежна стража и филипински брод.

„Го повикуваме Пекинг да се откаже од својата провокативна и опасна акција“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, додавајќи дека САД ги поддржуваат Филипините.

Милер потсети дека САД, како дел од Договорот за заемна одбрана од 1951 година, ќе ги бранат Филипините во случај на вооружен напад во Пацификот, каде што се наоѓа Јужното Кинеско Море.

Пекинг смета дека целото Јужно Кинеско Море е дел од кинеската територија, но делови од тоа море припаѓаат и на Виетнам, Филипини, Тајван, Малезија и Брунеи.

Треба да знаете
Последни објави