(Видео) Снимка од превртениот автобус во Унгарија со туристи од Србија

Ниту еден од патниците кои се наоѓале во автобусот од Србија кој се преврте во саботата наутро во Унгарија не е повреден, а повеќето од нив го продолжиле патот кон дома. Несреќата се случила околу 5 часот и 30 минути, а во возилото се превртело од неразјаснети причини. Н1 објави видео од местото на настанот, на кое се гледа превртениот автобус.

Несреќата се случила на автопатот 53 кога се превртел автобус со регистрација на Сомбор со туристи. Во возилото имало 55 патници и двајца возачи. Меѓу повредените има и две деца. Патниците се главно од Белград и Нови Сад, од кои 33 го продолжиле патувањето, а останатите се вратиле.

Српските туристи вчера тргнале од Србија за Будимпешта, а планот бил да се вратат на 2 мај.

Како точно се случила несреќата и која била причината ќе утврди истрагата на унгарската полиција.

Треба да знаете
Последни објави