Kумановец случајно ја погодил сопругата со воздушна пушка, жената е во болница

Дваесет и шестгодишен кумановец од селото Војник, со воздушна пушка испукал дијабола и ја повреди во раката својата сопруга, објави полицијата.

„На 30.04.2023 во Полициска станица Куманово Д.Ж.(26) пријавил дека на 29.04.2023 пред куќа во село Војник, кумановско, сопственост на негов пријател, при, според пријавеното, невнимателно ракување со воздушна пушка испукал дијабола и ја повредил во раката својата сопруга Б.Ж“, велат од МВР.

На жената и била укажана лекарска помош во болницата „8-ми Септември“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави