Лудило на „Енфилд“: Тотехнем се врати по 0:3, изедначи во 93. минута па прими четврти гол во наредниот напад

Ливерпул го победи Тотнем со 4-3 за да ги прескокне лондончани и да дојде на петтото место на табелата, со седум бода заостаток зад Манчестер јунајтед и сѐ уште со теоретски шанси за ЛШ, но „црвените ѓаволи“ имаат меч помалку од „црвените“ на пет кола до крајот на сезоната.

Ливерпул за 15 минути го наполни Тотнем и на лондончани им се закануваше нов потоп, но успеаа да се вратат во мечот, па во завршницата да се борат и за бод, за кратко успеаа и во тоа, но во трилер-судиското надополнување останаа без ништо.

Куртис Џонс во третата, Луис Дијаз во петтата и Мохамед Салах во 15-та од пенал донесоа убедливи 3-0 за Ливерпул, а мечот сѐ уште не дојде ни до половина полувреме, па Хери Кејн погоди шест минути пред паузата за да ја намали убедливата предност.

Јужнокореецот Сон на 13 минути пред крајот комплетно ги врати лондончани во мечот, а во третата минута од судиското надополнување Ришарлисон со својот прв премиерлигашки гол го донесе Тотнем до бод, ама резултатот не го задржија во последните три од дополнувањето.

Диего Жота во 95-та ја врати предноста на Ливерпул за триумф на крајот во спектаклот на „Енфилд“.

Ливерпул сега дојде до 56 бода на петтото место од 33 меча, а Тотнем остана на 54 на шестото од 34 средби

Треба да знаете
Последни објави