Дојавата за подметната бомба во Средното економско училиште во Сараево беше лажна, соопшти сараевската полиција.
Полицијата утрово добила анонимен повик дека во Средното економско училиште во Сараево е поставена бомба. По повикот евакуирани беа учениците и наставниците од училиштето.