Сампдорија беше убедливо поразена од Фиорентина со 5:0 па тренерот Дејан Станковиќ официјално поднесе оставка од клубот.
Поранешниот тренер на Црвена звезда не можеше да ја размрда Сампдорија која игра слабо цела сезона и одамна не ја вкусила сладоста на победата.
Станковиќ поднесе оставка, а сега на потег е клубот. Како што пишува Sportitalia, клубот не ја прифатил неговата оставка, а конечната одлука ќе биде донесена во следните 24 часа.
-Ако јас сум проблемот, добро, достоинствено и гордо го прифаќам. Дадов се од себе и не се каам за ништо, би го направил истото и сто пати би бил на исто патување. Не ги обвинувајте играчите, ова 5:0 е само на мене. Ајде да разговараме за тоа, истакна Станковиќ во своето обраќање до медиумите по натпреварот во Фиренца.