Најмалку 18 лица загинаа, а 33 се повредени кога автобус падна од карпа во западно Мексико, соопштија локалните власти.
Обвинителството во Најарит, мексиканската држава во која се случи несреќата, соопшти дека автобусот паднал од висина од 15 метри.
Најмалку 11 повредени малолетници се префрлени во болниците за медицинска помош, пренесуваат медиумите во светот.