Руските сили со ракети погодија складишта за муниција во украинскиот град Павлохрад, во очигледен обид да ги забават подготовките на Киев за долгоочекуваната контраофанзива, објави новинарот на Гардијан, Питер Бомонт од Киев неколку часа откако сирените за воздушен напад се огласија низ целата земја.
Видеото објавено на социјалните мрежи покажува секундарни детонации и голем пожар на местото на ударот.
Павлорад беше цел на напади двапати во текот на ноќта. Меѓу оштетените или уништените згради е и индустриска зона, 19 станбени згради и 25 домови, изјави Микола Лукашук, шеф на регионалниот совет на Днепар.
Размерите на пожарот во Павлоград сугерираат дека Русија можеби погодила важно складиште за оружје, а нападот уследи по неодамнешниот напад на Украина врз складиштето за нафта во Севастопол, Крим.