На Клоп му се заканува суспензија, лажел дека го навредил судијата по дуелот со Тотенхем

Ливерпул забележа драматична победа над Тотенхем од 4-3 со гол во 94-тата минута, но тренерот на “црвените“, Јирген Клоп, после натпреварот ги навредувал судиите и сега му се заканува суспензија.

Германецот протестираше до четвртиот судија Џон Брукс, а потоа и до главниот Пол Тиерни. Причина за ескападите на Клоп беше голот на напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон, за 3-3. Менаџерот на Ливерпул веруваше дека нема слободен удар, кој му претходеше на голот. Затоа, тој влезе во „вербален клинч“ со Тиерни (опашките на нивните несогласувања се влеќат од 2021 година). Епилогот од пресметката беше жолт картон за Клоп…

-Ние со господинот Тјерни имаме заедничка историја. Не знам што овој човек има против нас. Он секогаш вели дека тука нема ништо, но тоа не е вистина. Она што ми го кажа кога ми даде жолт картон, навистина не е во ред, рече Клоп.

Но од организацијата на судиите на Англија велат дека целата комуникација на судиите се снима и после преслушувањето на материјалот е утврдено дека Клоп лажел и дека Тјерни се однесувал професионално.

-Судијата се однесуваше професионално и во моментов кога го опомена менаџерот на Ливерпул. Ги отфрламе сите обвинувања дека постапките на Тјерни биле непрофесионални, се вели во дел од соопштението на судиската организација на Англија.

Сега е на потег е ФА која треба да покрене случај за тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, и да донесе одлука за евентуалната казна на Германецот.

Треба да знаете
Последни објави