Пратениците ќе се координираат кај Џафери за Договорот со „Бехтел и Енка“

Координаторите на пратеничките групи утре во кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери ќе разговараат за Договорот со Бехтел и Енка како и во која собраниска комисија би се презентирал пред пратеници со безбедносен сертификат.

Претседателот на Собранието Џафери на брифинг со новинари пред неколку дена најави дека е можен договор на оваа координативна средба, но прашање е дали со него ќе се согласат и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј координатор Никола Мицевски не присуствува на средбите.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пред десетина дена преку писмо побараа од премиерот Димитар Ковачевски да им го достави договорот, кој е класифициран, на народни избраници што се со безбедносен сертификат. Во редовите на пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ има деветмина со безбедносен сертификат.

Владата потоа најави дека нејзини претставници и членови на Комитетот за изградба на коридорите 8 и 10-д ќе ги презентираат документацијата и деталите од договорот, но од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат имаат право на пристап до секој документ со назнака „државна тајна“.

Владата тврди дека Договорот не може да биде достапен за јавноста, затоа што во себе содржи информации и клаузули поради кој не може да се објави, затоа што се однесуваат технологии кои договорената страна ќе ги користи при изведбата, што за секоја фирма е деловна тајна.

Треба да знаете
Последни објави