Лидс Јунајтед размислува за тренерска смена во пресрет на последните кола во Премиер – лигата. Клубот од Јоркшир размислува да го назначи Сем Алардајс да го замени сегашниот менаџер Хави Грасија, пренесува медиумите на Островот.
Лидс е само еден бод над зоната за испаѓање откако викендов загуби од Борнмут со 4-1.
Алардајс има репутација на стратег кој во вакви кризни моменти врши одлична работа, иако не успеа во последниот обид. Во сезоната 2020/21 не успеа да го спаси Вест Бромвич и тие испаднаа во Чемпионшип.
Лидс на почетокот на сезоната беше предводен од Џеси Марш, по што Американецот беше заменет со Хави Грасија.



